среда, 1 декември, 2021

Растурена домашна забава во – Приведени осум лица

Полициски службеници привеле осум лица, откако по добиена пријава извршиле контрола во стан на булеварот „8 Септември“, во кој биле на домашна забава, информира Министерството за внатрешни работи.

-Ноќеска (13.06.2021) во 01.28 часот по добиена пријава во СВР Скопје, полициски службеници од Полициска станица Карпош извршиле контрола во стан на бул.„8 Септември“, во кој престојува П.П.(25).

-При контролата, покрај П.П., биле затекнати уште седум лица на домашна забава, на возраст од 25 и 26 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19, соопштува МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!