понеделник, 18 октомври, 2021

Калуѓерка ОГРАБИЛА КАТОЛИЧКО УЧИЛИШТЕ за да се КОЦКА, проневерила 835.000 долари

Пензионирана калуѓерка признала дека проневерила 835.000 долари од католичко училиште во Калифорнија во текот на 10 години за да ја финансира својата зависност од коцкање, пишува Гардијан.

Сестра Мери Маргарет Кројпер (79), поранешна директорка на католичкото училиште Сент Џејмс во Торенс, Калифорнија, ги искористила парите од школарината и донациите за да ги покрие трошоците за коцкање во казино и плаќања со кредитни картички, соопштила локалната полиција.

Кројпер, која се заколнала на сиромаштија на 18-годишна возраст и поминала 59 години во религиозен поредок, во нејзиниот договор за вонсудско решение,изјавила дека започнала да пренасочува пари од училишната сметка на штедната книшка за да ги финансира трошоците за живот на монахињите кои работеле на училиште – и потоа самата искористила дел од парите.

Според обвинителите, Кројпер признала дека ги фалсификувала месечните и годишните извештаи до училишната администрација за да го прикрие нејзиното однесување и „ја натерала администрацијата да верува дека финансиите се правилно водени и дека се заштитени сите средства, што пак и овозможи на обвинетата Кројпер да го задржи пристапот и контролата над финансиите и сметките на училиштето и со тоа да ја продолжи својата криминална активност ’.

Во изјава за „Вашингтон пост“, адвокатите на сестра Мери рекле дека и било „многу жал“ и „жалела на штетата што ја предизвика“.

-Таа прифати целосна одговорност за она што го стори и целосно соработуваше со истражителите и архиепископијата, се вели во соопштението, додавајќи дека таа „страда од ментална болест што и го замагли умот“.

Калуѓерката била осомничена дури откако престанала да биде директорка на училиштето во 2018 година, во време кога ревизорската компанија била повикана за да ги провери финансиите. Обвинителите рекоа дека калуѓерката, меѓу другото, ангажирала некои вработени во училиштето да манипулираат или уништуваат финансиски записи за да ја прикријат кражбата.

Кројпер мора да се појави на суд на 1 јули и и се заканува затворска казна од 40 години.

Архиепископијата во Лос Анџелес соопштила дека целото свештенство е шокирано и тажно од постапката и изразиле благодарност до „локалните и федералните истражни органи за нивната работа во врска со овој случај“, пишува Гардијан.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!