Русија протерува македонска дипломатка

Русија денеска прогласи дипломат од Македонија за „персона нон грата“, како одговор на сличен потег на Скопје минатиот месец, објави руското Министерство за надворешни работи.

„Вршителот на должност од Македонија, Оливера Чаушевска-Димовска, беше поканета во руското Министерство за надворешни работи, каде што и беше врачена белешка со која вработената во Амбасадата на Македонија во Москва е прогласена за персона нон грата“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.

Министерството во изјавата рече дека потегот на Македонија е неоправдан. Министерството за надворешни работи на Македонија на 18 мај објави дека, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучило да се прогласи дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Македонија.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!