Откриен ген кој е ТРИ ПАТИ ПОЧЕСТ кај лицата БЕЗ СИМПТОМИ на Ковид-19

Научниците од Универзитетот во Њукасл идентификуваа ген што може да објасни зошто некои луѓе, иако се заразени со вирусот корона, не добиваат симптоми на коронавирусот.

Генот со официјално име HLA-DRB1*04:01 е пронајден три пати почест кај луѓе кои немале симптоми на Ковид-19, што сугерира дека тој обезбедува вид на заштита од самата болест.

Во студија објавена во списанието „HLA“, истражувачите истражувале асимптоматски пациенти со оние кои развиле тешка форма на COVID-19. Тие користеле секвенционирање на гени на ниво на HLA гени лоцирани на хромозомот 6.

Користеле примероци од 49 пациенти со тешка форма на COVID-19 кои биле хоспитализирани и 69 примероци од асимптоматски пациенти кои биле позитивни на антитела. Тие проучувале различни верзии на генот HLA за да видат дали има некои разлики.

Откриле дека антигенот на леукоцитите, HLA-DRB1*04:01, е почест кај оние кои не покажуваат симптоми на болеста, иако биле заразени.

Тие исто така откриле дека генот е почест кај луѓето во северна и западна Европа, што може да сугерира дека луѓето во тие области ќе имаат помала веројатност да развијат сериозна форма на COVID-19, но сепак ќе бидат подложни на неговото ширење.

-Ова е многу важно откритие бидејќи може да објасни зошто некои луѓе едноставно не се разболуваат иако се заразени со вирусот корона, рече д-р Карлос Ешевари, коавтор на студијата, во соопштението за јавноста.

Тој додаде дека ова може да доведе до развој на генетски тестови кои можат да покажат кој треба да биде во приоритетната група за вакцинација во иднина.

Авторот на студијата Дејвид Ленгтон истакна дека откривањето на врската помеѓу географското потекло и фреквенцијата на генот HLA е фасцинантно.

-Ова ја нагласува сложената интеракција помеѓу животната средина, генетиката и болестите. Знаеме дека некои гени на HLA реагираат на витамин D и дека ниското ниво на витамин D е фактор на ризик за развој на тешки форми на COVID-19, така што во иднина ќе се фокусираме на тој дел, рече Лангтон.

Откритието може да им помогне на медицинските службеници подобро да ја испланираат борбата против COVID-19 во иднина и најранливите групи, објави порталот Zimo.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!