Детална временска прогноза за следните денови

До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Температурата во следните денови нема значително да се менува.

Прогноза за 12.06.2021
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 29°C
Променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд за кратко време и појава на град. УВ=7

Прогноза за 13.06.2021
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 31°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крај на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Прогноза за 14.06.2021
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ=7

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!