Д-р Беќаровски ОТКРИВА кој вирус ДОМИНИРА ВО ДРЖАВАТА во моментов

Реално бројките стивнаа, што се однесува до ковид-пациентите, меѓутоа сега на површина излегуваат пациентите коишто година и половина седеа дома и беа исплашени, вели професор д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

-Не е само да се излечи вирусот, последиците кои ги остава се катастрофални. Во моментов во државата доминира стомачен вирус, клиниките се преплавени со таа патологија. Ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен,- изјави тој.

Според него, ако претходно сме со 100 проценти витален капацитет, зависно од оштетувањата, сега тој капацитет е намален.

„Човек кој не може да внесе доволно кислород, полесно се уморува, потешко дише, најмали пречки му создаваат проблем. Кај голем дел од останатите пациенти имаше воспаление на срцевиот мускул.“

„Тој делумно ќе се врати во нормала, но кај дел нема да се врати, без оглед што станува збор за вирусна инфекција. За оштетувањата на крвните садови да не зборувам. Исто така има и голем проблем со шекерот кај некои“, информира Беќаровски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!