Казна од 3.000 евра за ВМРО-ДПМНЕ откако претставникот го напушти рочиштето за „Талир“

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ која е обвинета во случајот Талир, смета дека судењето не треба да продолжи бидејќи на еден од поротниците веќе му бил завршен мандатот. Тој наполнил 60 години со што го исполнил условот да го напушти поротничкото место. И покрај ова, од партијата велат дека Кривичен не побарал разрешување на поротоникот. Сметаат дека судот работел по диктат на власта.

„Очигледно е дека господинот Иван Џолев ги слуша наредбите на Зоран Заев да се врши се уште притисок врз ВМРО-ДПМНЕ преку овие судења, а главниот притисок е што заради овој случај е замрзнат имотот на партијата, а како што знаете следат локални избори кое му е важно на Зоран Заев да ВМРО-ДПМНЕ биде со врзани раце во однос на ресурсите“, изјави Димче Арсовски, Претставник на ВМРО-ДПМНЕ во „Талир“.

Предупредувањето дека Талир не треба да продолжи поради истек на мандатот на поротник, Арсовски го кажа пред почеток на рочиштето и ја напушти судницата. Поради таквата постапка, судијата Осман Шабани ја казни партијата со 3 илјади евра и судењето го презакажа за идниот месец.

Од Кривичен велат дека го известиле Судски совет но не побарале разрешување на поротникот бидејќи за работоспособни се сметале лицата до 64 години.

„Откако од Судот е костатирано дека истиот наполнил 60 години, веднаш е известен Судскиот Совет, но се додека истиот евентуално, не биде разрешен, тој ќе ја обавува функцијата „Судија-Поротник“.

Од Судски велат дека на последната седница по барање на Кривичен им бил прекинат мандат за други поротници, но не и за поротоникот од Талир.

Според законот за кривична постапка доколку на поротник му заврши мандатот и биде заменет со друг, судењето почнува од почеток.

Проблем со судија поротник претходно се појави и во случајот ТНТ. Судот не побарал прекин на мандатот поради навршени 60 години, па поротникот сам си поднесе оставка.

Извор: 24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!