Две лица загинаа, седум повредени во тешка сообраќајка

Две лица, возачи, загинаа, седум се повредени, во судар на пет возила што доцна синоќа се случи на крстосницата на булеварите „Борис Трајковски“ и Србија во Скопје. Еден од возачите е приведен од полицијата.

На лице место загинале возачите на автомобилите „фолксваген пасат” и „мерцедес“, Р.А. од Студеничани и Х.С. од Скопје, а во сударот учествувале и возилата „фолксваген шаран” управуван од З.И. од Студеничани, „хјундаи аксент” управуван од О.А. од скопското село Батинци и „фиат пунто” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.

Тешко се повредени три малолетни лица кои се наоѓале во „пасатот”, потоа Ф.А. и Н.А., повредени се и возачите О.А. и Е.Б.

По укажаната лекарска помош, О.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Увид на место извршила екипа на СВР Скопје, велат од МВР.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!