Бајден нареди ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ во САД на лица кои РАБОТАТ ПРОТИВ Преспанскиот договор

Американскиот претседател Џозеф Бајден нареди замрзнување на имот и забрана за влез во САД на лицата кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка.

Извршната наредба се однесува поткопувањето на поствоените договори и институции по распадот на поранешната СФРЈ и на широкораспространетата корупција во владите и институциите на Западен Балкан, кои го отежнуваат напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција на регионот во трансатлантските институции и затоа претставуваат несекојдневна и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Наредбата предвидува и санкции за лица за кои што Министерството за финансии на САД, во консултација со Стејт департментот, ќе утврди дека се одговорни или соучесници, на директен или индиректен начин преку политики или актвности со кои се загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста” или територијалниот интегритет на земјите.

Со казнените мерки би биле опфатени и лица кои се одговорни за „сериозни повреди на човековите права” и вклучени во корупција, проневера на јавни средства, отуѓување на приватен имот за лична корист или за политички цели и мито.

-Станува збор за лица кои, се одговорни или се вклучени, директно или индиректно, во нарушување или во активност што го попречува или е закана за имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка или рамковен договор поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи ги Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година, Резолуцијата 1244 на ОН, Дејтонскиот договор, заклучоците на Совет за спроведување на мирот одржан во Лондон во декември 1995 година, вклучувајќи ги и одлуките или заклучоците на високиот претставник, Советот за спроведување на мирот или неговиот управен одбор, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија или во однос на поранешна Југославија, Меѓународниот механизам за кривични трибунали, се неведува меѓу другото во наредбата.

Како што соопшти Белата куќа, таа регулатива овозможува и санкционирање на актерите вклучени во „прекршувања или активности што го попречуваат или загрозуваат спроведувањето на каков било договор за регионална безбедност, мир, соработка или заемно признавање, рамка или механизам поврзан со Западниот Балкан “.

Претседателот Бајден го задолжува американскиот државен секретар да ја имплементира оваа наредба, во делот што се однесува на издавањето визи за влез во САД, како и на секретарот за внатрешна безбедност.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!