Тажна приказна: Починала како БЕЗДОМНИК незнаејќи дека е МИЛИОНЕРКА

Животот понекогаш може да биде најсуровиот режисер, а за ова најдобар пример е една американка која своите денови ги поминувала како бездомник не знаејќи дека наследила богатство вредно милиони долари.

Кети Бун со потекло од Орегон починала минатата година и била бездомник. Таа до својот последен здив не знаела дека наследила богатство вредно 884.447 долари.

Таа целиот свој живот страдала од здравствени проблеми и била зависник од дро-га. Починала во прифатилиштето за бездомници во Асторија, Орегон во јануари 2020та година.

Имено, нејзината мајка починала во 2016та година и пред да почине и ја оставила цела нејзина заштеда. За жал, никој не успеал да ја пронајде Кети за да и ја соопшти веста.

-Животот навистина не е фер. Тие пари и припаѓаа на Кети и тоа во времиња кога навистина и требаше помош, изјавил нејзиниот татко Џек Спитол.

Откако нејзиното семејство објавило оглас во весниците и се впуштиле во потрага по Кети која била безуспешна тие се решиле да ангажираат и приватен детектив. Но ниту тој не успеал да ја пронајде Кети. Па така парите наместо кај неа, завршиле на сметката на локалните власти и никогаш никој не успеал да ја добие правната битка за ова наследство.

-Земајќи ја во обзир напорната потрага изминативе години како и напорите на личниот застапник на мајката на Кети државата не можеше ништо да направи, изјавила потпаролката на Министерството за надворешни работи, Клаудија Кобанану. Таа и додала дека ова е единствениот случај каде тие искрено соочуствуваат со семејството.

Се уште не е познато што ќе се случи со парите откако Кети била пронајдена меѓутоа се претпоставува дека нејзините две деца ќе имаат побарувања за овие средства.

Извор: vesnik.com

Коментари

коментари

error: Content is protected !!