Тешко повредени малолетни лица во сообраќајка

Две малолетни лица од с.Агларци, општина Новаци се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа помеѓу мопед и мотоцикл.

„На 07.06.2021 во 19.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Г.Агларци, општина Новаци, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „ванге-50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Г.Агларци и мотоцикл „шинрај-150“ без регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Г.Агларци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетна сопатничка од мотоциклот „шинрај-150“, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Битола“ соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Извор: info.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!