За сите кои инвестирале или планираат да го направат тоа: СКОКНА цената на биткоинот

Цената на биткоинот повторно расте, а пазарот на криптовалути се стабилизира.  

Најпопуларните крипто-валути во светот повторно се стабилни, откако пазарот на крипто-валути помина низ турбулентна недела на „корекција“ на цените.

Биткоин, најпознатата криптовалута во светот, утрово се тргува по цена од 37.177 долари, што е раст од околу 0,79 проценти, покажуваат податоците на страницата CoinDesk.

Стабилизацијата покажува дека се вратила и довербата на инвеститорите. Во последниве недели, биткоинот беше претежно под притисок на продавачите, а неговата цена се стабилизира во последните неколку дена. 

Пазарната капитализација исто така се опорави и моментално изнесува околу 697,16 милијарди долари.

Втората најпопуларна криптовалута во светот, Етереум порасна нешто повеќе од 1 процент во последните 24 часа и се тргува по цена од 2.677 долари.

Остатокот од пазарот е претежно „зелен“ од утрово, што укажува дека состојбата се стабилизира, што значи дека се вратила и довербата на инвеститорите.

Извор: mk.tv21.tv

Коментари

коментари

error: Content is protected !!