Заев за Сејдини: НЕ МИ ДОЗВОЛИ ДА СЕ СРЕТНАМ СО РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини му забранил на премиерот Зоран Заев да се сретне со репрезентацијата на Македонија во пресрет на дебито на Европското првенство, открил премиерот во интервју за телевизија „Клан“.

„Фудбалерите ме поканија да се сретнеме и јас со задоволство прифатив, но председателот на ФФМ, гопсподинот Сејдини не дозволи средба, ниту во просториите на федерацијата, ниту во ресторан. Сепак, јас и фудбалерите деновиве ке се сретнеме и веке ги поканив таа средба да биде во Владата.“

„Јас немам ништо против Сејдини, но тој треба да ги почитува законите, кој и како избираат раководство на федерацијата и затоа пред некој ден изјавив дека фудбалската федерација е заробена од актуелниот председател.“

„Не може раководството да го бираат делегати од општински фудбалски организации (ОФС), а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови. Јас само упатив апел челниците од ФФМ да го почитуваат Законот, а не да работат на своја рака. Лично немам ништо против Мети, ниту го сакам неговото место, ниту имам некој свој за таа позиција. Едноставно еве и од овде повикувам да се почитуваат законите“, рекол премиерот Заев.

Премиерот откри дека сепак ќе има средба во Владата на Македонија.

Инаку, Војната на ФФМ со премиерот уште повеќе се разгорува со оваа одлука на Сејдини да не дозволи средба на премиерот со фудбалерите, откако државната Агенција за млади и спорт (АМС) веќе подолго време е во војна со куќата на фудбалот околу усогласувањето на Статутот со Законот за спорт, нешто што неколкупати го посочи и Заев, дека мора да се усогласи „фудбалскиот устав“ со законите во земјава.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!