Кристијано Роналдо ќе замине од Јувентус

Кристијано Роналдо не е задоволен од одлуката на Јувентус да го смени Андреа Пирло и на неговото место да го врати Масимилијано Алегри. Медиумите во Италија тврдат дека тој им кажал на соиграчите дека ќе го напушти клубот.

Масимилијано Алегри, пред две години, мораше да замие од клубот, откако на челниците им кажа дека Кристијано Роналдо не се вклопува во неговите тактички замисли. Јасно е дека Алегри не го сменил мислењето, осбено што Португалецот веќе има 36 години.

Заминувањето на Роналдо ќе го растовари буџетот за плати. Португалецот игра за годишна плата од 30 милиони евра.

Прашањата кои се наметнуваат во една ваква ситуација се колкава сума ќе бара Јувентус за него и кој клуб може да го плати Роналдо.

Според некои извори во моментов само два клуба можат да ги испрата финансиските барања на Роналдо. Тоа се неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед и ПСЖ.

Извор: info.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!