понеделник, 26 јули, 2021

Конечно ДОБРА ПРОГНОЗА: Познат ЕКСПЕРТ ЗА КРАЈОТ НА ПАНДЕМИЈАТА во Европа

Словенечкиот имунолог Андреј Трампуж, раководител на Одделот за инфективни болести и септичка хирургија во болницата „Шарите“ во Берлин, вели дека коронавирусот може целосно да исчезне за три до четири месеци, барем кога станува збор за Европа.

Трампуж, еден од најистакнатите експерти во нашиот регион за вирусот, од друга страна, предупредува дека исчезнувањето на короната нема да се случи во помалку развиените делови на светот.

„Крајот на пандемијата во август или септември нема да биде во Африка, каде што досега е вакцинирано само еден процент од целото население на тој континент, во Индија и Јужна Америка. Затоа европските и други земји мораат да ги зголемат своите напори со цел тие да добијат доволно количество вакцини.“

„Ова е потребно со цел да ја задржат пандемијата под контрола во нивните земји, бидејќи ако продолжат да имаат голема популација и да немаат доволно вакцини, постои страв од нови мутации и понатамошно ширење на вирусот. Едно лице од Африка, Индија или Јужна Америка, кое е заразено со нова мутација на вирусот, е доволно да дојде во Европа и да направи хаос“, објаснува имунологот за „Слободна Далмација“.

Тој исто така предвидува дека вирусот никогаш нема да исчезне целосно, туку ќе остане во популацијата, исто како и грипот.

„Постои можност тој да исчезне, во што засега тешко можеме да веруваме. Поблиску сме до мислењето дека тој ќе остане со нас, како и вирусот на грип. Но, бидејќи секогаш има надеж, да се надеваме дека Ковид-19 ќе исчезне како САРС или МЕРС, кои исто така се коронавируси, и дека никогаш повеќе нема да мора да се вакцинираме против тој вирус.“

„САРС и МЕРС исчезнаа, а вирусот на грип остана, бидејќи се шири далеку побрзо од САРС или МЕРС и се менува многу повеќе. Вирусот на грип се менува многу повеќе од Ковид, така што тоа ни дава надеж дека Ковид-19 би можел да исчезне еднаш и засекогаш“, објаснува Трампуж.

„Спасоносниот“ број кога станува збор за вакцинираната популација на глобално ниво, според него, е 70 или 80 проценти од вакцинираните.

„Откако ќе ја достигнеме таа бројка, мора да одиме чекор по чекор и полека да започнеме да се враќаме во нормала, нормалното што го паметиме пред пандемијата. Мислам дека во Европа нормално треба да продолжиме да живееме некаде на крајот на оваа година.“

„Сепак, знаејќи дека има околу 20% од оние во Европа и светот кои не сакаат да се вакцинираат, важно е да се истакне дека тие ќе бидат заразени со вирусот Ковид-19 еден ден.“

„Никој во светот нема доживотен имунитет на вирусот Ковид-19, па дури ни оние кои го прележале. И тие можат да бидат заразени повторно, најверојатно шест месеци по закрепнувањето, бидејќи нивниот природен имунитет, кој го стекнале со оваа болест, се „губи“, заклучува имунологот Трампуж, цитиран од Блиц.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!