среда, 1 декември, 2021

ГОЛЕМ ДЕН за Новак Ѓоковиќ: Сите знаеме што сакаше тенисерот, време е да собори уште еден рекорд

На денешен ден се роди еден од најдобрите тенисери во светот Новак Ѓоковиќ, Српскиот славен спортист и освојувач на 18-та Грен слем титула денес го слави 34-от роденден.

Сите љубители на српскиот тенисер најверојатно сакаат Србинот да може да ги престигне Рафел Надал и Роџер Федерер оваа година според бројот на освоени грен слем турнири.

Шпанецот и Швајцарецот имаат 20 најпрестижни изложени трофеи, па не е невозможно Новак и оваа година да успее да ги престигне во овој сегмент.

Новак најпрво го чека турнирот во Белград, а потоа и Францускиот опен и успешно ја започна сезоната со освојување на Австралија опен, па слободно може се надеваме дека може да се сруши уште еден рекорд оваа година.

Да потсетиме, оваа година Новак го сруши рекордот на Роџер Федерер по бројот на недели поминати на врвот на АТП-листата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!