понеделник, 26 јули, 2021

Македонските граѓани ќе може да се вакцинираат и на граничните премини со Бугарија

Бугарија отвора два центри за вакцинација против Ковид-19 на граничните премини со С. Македонија, на кои ќе можат да се вакцинираат македонски граѓани. Како што јави бугарската телевизија БНТ, македонски граѓани ќе можат да се вакцинираат во меѓуграничната зона меѓу пунктовите Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село.

Мобилните канцеларии се наоѓаат во меѓуграничната зона, граѓаните нема да мора да влегуваат во Бугарија и затоа не треба да покажат негативен резултат на ПЦР тест. Оние коишто сакаат да се вакцинираат ќе можат да изберат помеѓу АстраЗенека, Бионтек/Фајзер и Модерна.

Имунизацијата, како што најавуваат бугарските медиуми, ќе започне утре и веќе имало регистрирани жители на Република Северна Македонија кои се заинтересирани да се вакцинираат на овие пунктови.

Извор: 21ТВ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!