Три лица повредени во тешка сообраќајка

На 16.05.2021 околу 17.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада”, ул.„Бранко Богдански Гуцман” и пат за с.Проевце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен”, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(72) од Куманово, во кое сопатник бил Л.П.(68) од Куманово и патничко возило „опел астра”, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(30) од Куманово.

По незгодата сите учесници биле пренесени во Општата болница Куманово, каде кај И.Ј. и Л.П. биле констатирани повреди, додека кај Б.П. биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Извор: 24info.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!