Тешка сообраќајка на патот кај Велес: Петмина повредени меѓу кои и двајца малолетници

Петмина повредени во тешка сообраќајна несреќа која вчера се случила во близина на Велес. Две лица од нив се со потешки повреди.

-Вчера околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-с.Извор се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(31) од Велес и товарно возило „мерцедес“, без регистарски ознаки, управувано од Р.К.(60) од с.Баница, струмичко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.М. и малолетна сопатничка од с.Горно Оризари во патничкото возило, а со телесни повреди  се здобиле А.Д.(38), Н.Д.(38), С.К.(30) и малолетен сопатник, сите од с.Горно Оризари, сопатници во патничкото возило, констатирани во Општата болница  Велес, појаснуваат од МВР.

 Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!