




Многумина се интересираат како славната брачна двојка Гејтс ќе го подели имотот по разводот. Особено скапоцената вила.
Мелинда и Бил Гејтс се во брак 27 години и живееја со своите три деца во вила на езерото Вашингтон во близина на Сиетл. Токму оваа луксузна куќа на езерото, чија вредност се проценува на повеќе од 130 милиони долари, беше именувана како „Ksandu 2.0“, по резиденцијата во која живеел „Граѓанинот Кејн“.




Комплексот се простира на 66.000 квадратни метри и еден од нивните први соседи е Џеф Безос, сопственикот на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот.
Иако брачниот пар Гејтс се обиде да ја зачува приватноста што е можно повеќе, на социјалните мрежи се појавија фотографии од нивни пријатели кои ја посетија куќата, како и извештаи во медиумите, врз основа на кои може да се заклучи што има во луксузниот комплекс на езерото.




Според статијата од „Њујорк Тајмс“ од 1995 година, 20 автомобили можат да се паркираат на паркингот кој е во рамките на овој имот.
Како и секоја луксузна вила, и оваа е незамислива без базен. Тука, едниот дел од базенот се наоѓа на отворено, а другиот во затворен простор. Долг е 18 метри и има сопствен подводен музички систем.




Гејтс сакаа нивниот дом да биде и забавен и рекреативен простор, така што во една од собите може да се најде трамполина, малку подалеку е вежбалната што се простира на 2.500 квадратни метри, сауна и две одделни соблекувални за мажи и жени.
Еден дел од куќата е резервиран за кино „Арт-деко“ кино со удобни столици, софи и машина за пуканки.




Она што најмногу збунува во оваа куќа е големиот број бањи и малиот број соби: само седум спални и 24 бањи!
Куќата е опремена со шест кујни и сите се наоѓаат во различни делови од куќата, така што вработените кои работат во нив можат да ги следат големите настани.

Секоја соба има осветлување контролирано од сензори на допир, климатизација, а атмосферата е надополнета со музика што, по желба, се пренесува низ целата куќа од звучниците скриени зад позадината.




Компјутерските екрани во куќата вредат 80 000 американски долари. Омилена фотографија може да се постави на екранот, а сите тие се чуваат во уреди во вредност од 150 000 УСД.
Интересно е што посетителите на куќата добиваат уред што ги контролира сите сензори во куќата. На овој начин, тие можат да ги прилагодат температурата на воздухот и интензитетот на светлината според нивниот избор.




Гејтс наводно се „врзал“ за 40-годишен јавор кој растел близу патот. Дрвото се следи од компјутер, и ако нема врнежи подолго време, водата автоматски се пумпа до коренот на дрвото.
Се верува дека песокот на плажата Гејтс крај езерото е донесен од Хаваи.




Бидејќи Мелинда и Бил Гејтс не потпишаа предбрачен договор, според законите на сојузната држава Вашингтон, тие треба подеднакво да го поделат имотот вреден 146 милијарди долари.












