Буфон дефинитивно заминува од Јувентус – Еве што планира понатаму

Џанлуиџи Буфон го напушта Јувентус на крајот на сезоната. 43-годишниот голман на тој торински клуб го потврди тоа, но во исто време одби да потврди дека ја завршува кариерата.

Буфон се врати во Јувентус во јули 2019 година по една сезона помината во Пари Сен Жермен. Кариерата ја започна во Парма во 1995 година, а од 2001 бранеше за најтрофејниот италијански клуб со кој е договорен до крајот на тековната сезона. Кога ќе му истече договорот, тој ќе го напушти клубот и тимот чие заштитно лице е веќе долги години.

„Мојата иднина е јасна и дефинирана. Убавата и долга врска со Јувентус дефинитивно ќе заврши со крајот на сезоната. Или ќе престанам да играм или ќе разгледам опција што ќе ме мотивира за понатамошни настапи или ќе се свртам кон поинаков живот. Се чувствувам како да му дадов сè на Јувентус. И добив сè од него, така што ништо повеќе не може да се стори таму. Стигнавме до крајот на патот “, рече Буфон.

Буфон со Јувентус освои 10 титули во италијанската лига и вкупно 21 титула. Тој беше запрен три пати во финалето на Лигата на шампионите.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!