„Фејсбук“ тестира нова алатка – ЗА СОСЕДИТЕ

Опцијата е достапна само во одредени градови во САД и Канада и не е познато кога би можела да се прошири на други пазари.

Фејсбук најави тестирање на нова опција во рамките на својата мобилна апликација дизајнирана за поврзување на соседите. Опцијата првично ќе биде ограничена на само неколку градови во САД и Канада и не е познато кога (и дали воопшто ќе се прошири) на други пазари.

„Facebook Neighborhoods“ ќе се заснова на поврзување на луѓе кои живеат во исто соседство, како и наоѓање на луѓе кои имаат исти интереси како што се спорт, читање, миленичиња и слично. Исто така, компанијата на Цукенберг ја предвиде оваа опција како виртуелно место за дискутирање на сите проблеми во соседството, желбите на станарите итн.

Корисниците на телефони Андроид и Епл кои ќе изберат да ја користат оваа опција ќе треба да овозможат споделување на нивната локација, така што Фејсбук може да ги поврзе со луѓето што живеат во нивна близина. Покрај класичните информации за профилот, корисниците ќе можат да споделуваат информации за нивните интереси и ќе можат да ја изберат улогата што сакаат да ја имаат во нивното соседство – на пример, тие можат да нагласат како сакаат да ја користат оваа опција за да запознаат луѓе и да се дружат додека другите можат да се идентификуваат како „помагачи“ и со тоа да им дадат до знаење на соседите дека можат да сметаат на нив во случај да им треба нешто.

Тестирањето на „Facebook Neighborhoods“ веќе започна во Канада ,и според Рид Патон кој управува со овој проект, досега најмногу се користел за наоѓање на изгубени миленичиња, организирање патувања, стекнување нови пријатели, наоѓање мајстори итн.

Во теорија, оваа алатка изгледа корисна, но ќе видиме како ќе изгледа во пракса затоа што веројатно ќе значи давање нови податоци на Фејсбук и ќе биде потребно да се следат и управуваат со содржината што се објавува, што честопати се докажуваше како биде голем предизвик.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!