среда, 1 декември, 2021

Прегазен малелетен велосипедист – Возачот избегал од местото на настанот

Вчера во 18.45 часот било пријавено дека во Прилеп, на бул.„Гоце Делчев“, патничко возило удрило во велосипед управуван од малолетник од Прилеп и го напуштило местото на незгодата, соопштуваат од МВР.

Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!