Забрчанец: Медиумите дадоа сериозен придонес во спасување човечки животи

Медиумите одиграа значајна, можеби најважна улога, бидејќи ако не беа медиумите, медиумските платформи, дигиталните платформи, сигурен сум дека властите во било која држава ќе имаа сериозен проблем да допрат до граѓаните и навреме да ги информираат за заштитните мерки од ковид-19, истакна националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, во интервју за телевизија Тера.

Тој им честиташе на сите медиумски работници за професионализмот и посветеноста со која ја информираат јавноста не само за вакцинацијата, туку од самиот почеток кога се учевме сите себе си како да се поставиме виза ви заштитните мерки, односно јавноста во целиот свет учеше кои мерки се најефикасни.

Се уште сте на браникот на борбата со опасниот вирус, не само сега за време на вакцинацијата туку уште од самиот почеток, ако не беа заштитните мерки и начинот на којшто се информираше за нив, ние ќе имавме многу повеќе заболени и за жал многу повеќе мртви, рече Забрчанец.

Медиумите и медиумските работници имаат придонес во спасување човечки животи и благодарност во име на Владата, нагласи националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!