Лукашенко: Не можат да ми судат наследниците на нацизмот

Поднесокот што се однесува на моја наводна вмешаност во злост-орства против човештвото е дел од идио-тска, избрзана политика, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко за новинската агенција „Белта“.

-На наследниците на нацизмот ли им остана да ме судат? Кои сте вие да ми судите – рече тој.

Група германски адвокати претходно поднесоа барање до федералните обвинители во градот Карлсруе во врска со употребата на сила против белоруските граѓани за време на мирните протести што избија во Белорусија по претседателските избори во август 2020 година.

Според белорускиот претседател, во таков случај лидерите на земјите во кои полицијата употребила брутална сила и специјална опрема за да ги растера деомонстрантите, предизвикувајќи сериозни повреди, па дури и см-ртни случаи меѓу нив, треба исто така да бидат изведени пред суд.

Лукашенко, пред сè, ги посочи демонстрациите на Жолтите елеци во Франција и протестите пред американскиот Капитол во јануари.

-Луѓето што живеат во стаклени куќи не треба да фрлаат камења. Нема да успее, тоа е глупава, избрзана политика – нагласи Лукашенко.

Извор: novamakedonija.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!