Две лица пронајдени починати во нивниот дом

Две лица биле пронајдени мртво во сопствениот дом во Скопје, по што телата биле предадени на обдукција, а засега нема детали дали се работи за насилна или природна смрт.

-На 06.05.2021 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на ул.„Босна и Херцеговина“ биле пронајдени починати А.М.(58) и С.М.(57) информираат од МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина на обдукција.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!