понеделник, 21 јуни, 2021

„АРСЕНАЛ“ ПРЕД ЦЕЛОСЕН КРАХ ПОСЛЕ 26 ГОДИНИ!

Арсенал не успеа да се пласира во финалето на Лигата на Европа, а сега е се поизвесно дека ќе напише нова страница во негативната модерна историја на клубот.

„Топчиите“ се на прагот по цели 26 години редовно учество во европските купови, следната сезона да останат без европски фудбал. Арсенал остана без шанса да се пласира во Лигата на шампионите освојувајќи го второто по ранг европско натпреварување, а имајќи предвид како „стојат“ во Премиер лигата – нема да се пласираат ниту во Конференциската лига на УЕФА!

Арсенал во моментов е деветти тим во Англија, а на четири кола до крајот треба да ги „прескокнат“ и Ливерпул и Евертон. Тоа ќе биде скоро невозможна задача и доколку не успеат да завршат на седмото место, Арсенал ќе остане без место во Европа за првпат од сезоната 1995/96.

Извор: vecer.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!