Загрижени граѓани од Ново Лисиче: Владее вистински ХАОС, секојдневно има сообраќајни незгоди – Апел до надлежните да реагираат

Загрижени граѓани од Ново Лисиче, реагираа до фејсбук страницата на нашиот портал, дека веќе 11 дена владее вистински хаос на булеварот Видое Смилевски Бато во Ново Лисиче, бидејќи семафорите на две крстосници не работат.

Денеска е 11-ти ден како семафорите на двете крстосници на бул. Видое Смилевски Бато во Ново Лисиче се надвор од функција (исклучени) – вели загрижен граѓанин.

Нема светлосна сигнализација ниту за возила, ниту за пешаци.

Секојдневно има сообраќајни незгоди, од кој што особено тешка беше претходната недела пред празникот со автобус бр. 23 и возило.

На овој булевар владее вистински хаос, што претставува опасност по жителите, особено децата. Информирани се надлежните, нема никаков одговор, ниту надеж дека ќе се реши овој проблем.

Исто така овие граѓани со нас споделија и фотографии направени пред неполн час.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!