Велигденска сторија: Не успеала ДА СТИГНЕ за Велигден во родната Македонија – Добро е што сме живи и здрави

Велигден е најголем христијански празник е и причина семејството да биде заедно, а од таму и познатата изрека „Кај и да си, за Велигден дома да си“.

Но, за жал на овој Велигден не сите успеаа да стигнат дома, а многу македонски граѓани кои живеат во странство, не успеаа да се вратат во родната земја и да го поминат празникот со своите најблиски.

Една од нив е и госпоѓа Вера, македонка која повеќе од 30 години живее и работи во Австралија. Таа со нас сподели како секоја година со посебна радост го пречекувала Велигден, но оваа година не успеала да се врати во својата Македонија.

„Секогаш се враќав дома за овој голем наш христијански празник, но годинава поради сплет на околности, не успеав и навистина ми е жал“

Вера живее во Мелбурн, Австралија со својот сопруг, а таму е и нејзиниот син со семејството. Но другата половина од срцето како што вели таа е во Македонија, затоа што тука живее нејзината ќерка со трите внучиња. Исто така нејзините два браќа со своите семејства се во Македонија.

„ За Велигден секогаш правевме голема трпеза и се собиравме сите заедно, ми недостасуваат тие мигови“.

Вера и покрај ситуацијата со пандемијата имала планови да дојде во Македонија за Влигден. Таа заедно со сопругот уште на почетокот на годината резервирале авионски билети, со планови Велигденските празници да ги поминат со роднините и поширокото семејство.

Но, на крајот на месец март, нејзиниот сопруг појавил симптоми на корона вирус, двајцата се тестирале и тестовите биле позитивни. За жал тоа било само неколку дена, пред денот на кој им било закажно да се вакцинираат.

„ Ни се расипаа плановите, не успеавме да се вакцинираме, само 3 дена пред денот на вакцинирање добивме позитивни тестови“ – вели таа.

Тие две недели додека биле во изолација имале релативно лесни симптоми, со лесна кашлица и ниска температура. Но потежок за нив бил пост-ковид периодот, од кој се уште се опоравуваат.

„Откако се тестиравме дека сме негативни, мислевме дека ќе се вратиме на секојдневните обврски. Но не беше така, продолжија зголемени и интензивни болки во телото, замор при движење, тешко дишење, а поради влошување на состојбата сопругот беше и хоспитализарн недела дена“ – споделува Вера.

За нив пост ковид периодот бил многу потежок, сега двајцата се дома и се чуствуваат подобро, но им порачуваат на сите да внимаваат многу затоа што вирусот може да биде опасен.

„ Не успеавме да стигнеме во Македонија, но благодарни сме што сме здрави и живи. На сите наши роднини и пријатели им го честитаме големиот празник Велигден со желби за добро здравје и надеж дека насокоро ќе се видиме.“

Тие велат дека во прва прилика, откако ќе се вакцинираат ќе дојдат во Македонија да ги посетат своите најблиски:

„ Чекаме да не известат од медицинскиот центар кога ќе можеме да се вакцинираме, откако ќе го завршиме тоа ќе започнеме да го планираме нашето следно патување во Македонија. Овој Велигден за нас беше многу поразличен, но добро е што сме живи и здрави, на сите им порачуваме да внимаваат многу “.

Во христијанската религија, Велигден е најголемиот верски празник, празник над празниците. Иако во тешка состојба Вера и во Австралија ги испочитувала христијанските обичаи, за вапцање црвени велигденски јајца, а била и во Македонската црква во Мелбурн, како што вели таа да се помоли за здравје и берикет во деновите што следат, за неа и нејзините најблиски кои овој пат не успеа да ги види за Влигден.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!