Oлабавување на мерките ОД СРЕДА: Полициски час од 23 часот, кафеаните до 22.30, предлага Кризниот штаб

Започнувајќи од среда полицискиот час наместо од 21 да почнува во 23 часот, а угостителските објекти со гости само во отворениот дел да работат до 22:30 се новите предлог мерки донесени на денешниот состанок на на Централниот кризен штаб. Истите веќе утре треба да се најдат на владина седница.

Министерството за здравство предложи олеснување на рестриктивните мерки од среда. На владината седница утре треба да се одлучи дали забраната за движење да почнува од 23 часот наместо од 21 како што е сега.

Според најавата на министерот Филипче, кафулињата би биле отворени до 22:30, но само надворешните простории.

Полицискиот час не важеше во саботата кога верниците го прослуваа најголемиот христијански празник Велигден, а истата мерка ќе важи и за претстојниот празник Рамазан Бајрам.

Голем дел од граѓаните убавото време и продолжениот викенд ги искористија за да ги исполнат туристичките места ширум земјата.

Утре започнува масовната имунизација на населението во Македонија во повеќе градови ширум земјата со вакцините на кинескиот производител Синофарм.

Вкупно 200.000 кинески вакцини денес треба да бидат дистрибуирани во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола по што со истите од утре започнува масовната имунизација на населението.

Според најавите на здравствените власти ќе се вакцинираат од 10 до 15 илјади граѓани во еден ден, а со почетокот на имунизацијата се очекува до почетокот на летото да се вакцинираат висок процент на граѓани со што ќе се стабилизира епидемиолошката состојба.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!