На Инфективна клиника за Велигден: Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска ја покажа хуманоста на дело

Празниците се можност да споделиме меѓусебна почит, заедништво, љубов кон нашите најблиски, кон заедницата, кон нашите сограѓани, напиша на својата фејсбук страница Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот Пендаровски која на овој голем празник заедно со својот син ја покажа хуманоста на дело.

„Во овие тешки услови на пандемија, со Оги ги посетивме моите колеги на Клиниката за инфективни болести, кои Велигден го поминуваат во неуморна работа, продолжувајќи со својата благородна мисија.

Покажувајќи ја нашата солидарност со еден мал гест на внимание, ја пренесуваме пораката на надеж и светлина на овој голем празник за да бидеме истрајни пред сите искушенија и предизвици со кои се соочуваме.

Нека е за многу години големиот празник Велигден! – напишаа таа.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!