Честит Велигден – Верниците ги испочитуваа мерките во храмовите

Достоинствено и генерално со почитување на антиковид мерките верниците го дочекаа јавувањето на христовото воскресение. Најголемиот христијански празник помина во знакот на пандемијата, па во дворот и околината на Соборниот храм верниците гледаа да држат што е можно поголема дистанца.

Здравствената криза не изостана ниту во пораката од архиепискот охридски и македонски г.г. Стефан.

-И покрај присутната пандемија се радуваме на најрадосната вест. На веста за христовото воскресение.

Но, празнувајќи да не ги заборавиме оние кои што боледуваат, оние кои што се грижат за нив, како и за душите на оние кои што починаа од опасната болест што не демнее веќе втора година. Значи, да празнуваме достоинствено и одговорно потсетувајќи на настанот од она рано утро во Ерусалим и да се трудиме оваа наша празнична радост да ни биде постојана. Амин. Христос воскресе, Христос, воскресе, Христос воскресе. За многу години, рече г.г. Стефан.

Во Соборниот хром изостана онаа слика кога на Велигден реки народ чекаа да дојде полноќ. Таква беше сликата и утринската литургија.

-Веќе Скопје има повеќе цркви, значи самите верници се распоредуваат во повеќе цркви. Направија така. Јас секој пат велам, нашите верници се совесни верници, одговорни верници.

Самите си се распределија, видовте и тука на платото дека самите си се распределија, беше се како што треба. Фала му на Бога, она што беше дозволено да се прослави, се прослави на достоинствен и начин како што треба, вели Отец Сашо.

Верниците со пораки за здравје. Дел зедоа причест, дел иако постеле ја „прескокнаа“ традицијата.

Извор: Сител

Коментари

коментари

error: Content is protected !!