На лице место загина возач откако излетал од патот

Прилечанец загинал на лице место откко со својот автомобил излетатл од патот.

-На 29.04.2021 во 14.05 часот на патот Крушеани – Обршани, општина Кривогаштани, кај место викано „Бревче“, патничко возило „југо“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(67) од с.Бела Црква, општина Кривогаштани, излетало од патот, информираат од МВР.

Притоа, возачот починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид на извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!