Уапсен сериски крадец на точаци во Скопје

29-годишен крадец на велосипеди денеска бил уапсен, а во неговиот дом во Визбегово биле пронајдени седум точаци украдени низ главниот град, соопшти полицијата.


„Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, денеска врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е.Х.(29) во село Визбегово, скопско, при што биле пронајдени одземени седум велосипеди, кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Како што соопшти МВР, Е.Х. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од МВР.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!