(ВИДЕО) Борко Ристовски РАСПАЛИ по Антиќ: „НЕ САКАМ ПЕРО АНТИЌ ДА БИДЕ ИДОЛ НА МОЈОТ СИН“

Познатиот голман на ракоментниот клуб „Вардар“, Борко Ристовски, изминатиов период честопати јавно го критикуваше поранешниот кошаркар Перо Антиќ.

Доколку ги следите профилите на Борко на социјалните мрежи, сигурно сте ги забележале неговите бројни објави, а особено оние поврзани со поранешниот кошаркар и некогашен македонски репрезентативец Перо Антиќ, сега претстедател на КФСМ.

Во своето гостување во емисијата „Бекстејџ“, Ристовски објасни зошто го прави тоа и што се случува помеѓу него и Перо Антиќ.

„Не се случува ништо помеѓу мене и Перо Антиќ, напротив јас имам многу коректен однос со него, меѓутоа моите објави се во насока на тоа што не ми се допаѓа тоа што тој го претставува во овој момент“, вели Борко.

„Сепак станува збор за поранешен спортист, човек кој треба да биде идол на многу дечиња – мислам дека тие човечки вредности кај Перо се изгубија некаде по пат, човекот можеби и сам себеси се изгуби некаде по пат, не знам. Како и да е, она што тој го претставува во овој момент, тоа е целта на моите објави, на моите критики…“, продолжува тој.

„На големо жалење, мислам дека во последно време човекот прави сè, само не придонесува на кошарката и на спортот, и не е некој идол на кој децата ќе можат да се угледаат. И јас имам мало детенце, син, и не сакам утре мојот син да има идоли како Перо и она што тој го претставува…“

„Од големиот спортист, од врвниот кошаркар Перо Антиќ, ова сега е само бледа сенка. Да не кажувам сега за тие јавни тајни што ги знае цела Македонија, тоа си е негова работа. Мене сето тоа ми пречи само зашто тој е позната личност и идол на многу дечиња, меѓу кои може ќе биде и мојот син“, вели Ристовски.“

Видеото погледнете го овде.

Извор: slobodenpecat.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!