ТРАГЕДИЈА: 18-годишен БОКСЕР ПОЧИНА ОД НОКАУТ, лекарите не беа во можност да му помогнат

Младиот јордански боксер Рашид Ал-Сваисат (18) почина откако беше нокаутиран на мечот на Светското јуниорско првенство во Полска.


Тој бил итно пренесен во болница во Килце, Полска, каде му бил опериран мозокот, но по единаесет дена лекарите кои се бореле за неговиот живот соопштиле дека таа битка за жал била изгубена.


Ал-Сваисат се бореше во прелиминарната рунда на светскиот шампионат со Естонецот Антон Виноградов кога доживеа нокаут при што ја загуби свеста.

Лекарите се обиделе да му помогнат во рингот, но кога откриле дека не успеваат, тој веднаш бил пренесен во болница.

Со длабока тага дознавме дека почина Рашид Ал-Сваисат од Јордан, кој беше примен во болница на 16 април по борба на Светското првенство за јуниори во АИБА. Рашид е во нашите срца и во нашите молитви.

Сите сме со неговото семејство, пријатели и колеги, со кои споделуваме најдлабоко сочувство – се наведува во соопштението на Светската боксерска асоцијација (АИБА).


Таа не даде дополнителни информации за околностите на борбата на лекарот за животот на овој млад боксер, а полското радио Зет Спорт во понеделникот објави дека Ал-Сваист починал во болница во Кјелце.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!