среда, 22 септември, 2021

Слатка одмазда: БАНКАТА ОДБИЛА ДА МУ ДАДЕ КРЕДИТ, а две децении подоцна ЈА КУПИЛ

Адам Диринг

Адам Диринг (40) ја купил зградата на банката којашто одбила да му даде кредит за да започне свој бизнис, со објаснување дека е многу млад и неискусен.

Пред скоро две децении, Адам направил бизнис план и договорил состанок со менаџер на банката во градот Урмстон, за да добие заем.

-Кога имав 21 година ја напуштив работата како продавач бидејќи знаев дека можам да покренам успешен бизнис, но немав пари, па ми беше потребна позајмица.

-Им го претставив целиот бизнис план и побарав 10.000 фунти, но менаџерката не ме сфати воопшто сериозно иако и срцето и душата ги вложив во тој план.

-Кога ми кажа дека сум млад и неискусен и дека затоа не сака да ризикува, бев скршен. Бидејќи немав пари, четири месеци им се јавував на луѓе од подот, бидејќи немав средства ниту за маса и столица. Имаше многу моменти кога помислував дека дошол крајот, но одбивав да се предавам, вели Диринг.

Тогаш се чувствувал понижено, исфрустрирано и тажно и како што вели немал план Б.

Веќе ја напуштил работата, а со заштедата платил кирија за три месеци за канцеларија и телефон од каде се јавувал на потенцијални клиенти.

Но, и покрај проблемите неговиот бизнис сепак успеал.

Денес им помага на многу компании да ги организираат своите финансии, а исто така тој е и мотивациски говорник.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!