Покрај ИНДИСКИОТ СОЈ, нова мутација БВ-1 му се заканува на светот: Откриена е во Тексас, научниците ставаат прст на челото

Откриена е нова мутација во Тексас.

Научниците од Универзитетот А & М во Тексас тврдат дека откриле нова варијанта на корона вирусот, а првото истражување сугерира дека тој е позаразен од претходно познатите соеви, што предизвикува потешка клиничка слика и се чини дека е отпорен на антитела.

Овој вид бил именуван како БВ-1 според местото каде што бил откриен за прв пат, а тоа е долината Бразос.

Мутацијата е пронајдена за време на рутински скрининг на коронавирус во Тексас преку примерок од плунка кај еден млад студент кој имал лесни симптоми слични на настинка.

Студентот бил позитивен на ковид 19 на 5 март, и повторно позитивен на 25 март, покажувајќи дека новиот вид може да предизвика подолга инфекција кај помладите луѓе. Симптомите исчезнаа до 2 април, а со третиот тест на 9 април конечно беше негативен.


„Во моментов не знаеме многу за значењето на оваа варијанта, но има комбинација на мутации слични на другите многу загрижувачки соеви пријавени досега“, рече главниот вирусолог на Тексас А & М, Бен Њумен, додавајќи дека варијантата има комбинација на мутации слични на бразилските и јужноафриканските соеви.


„Оваа варијанта комбинира генетски маркери одделно поврзани со брзото ширење, посериозна клиничка слика и висока отпорност на неутрализирачки антитела.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!