Фудбалер на „Црвена звезда“, е обвинет за ЛАЖЕН ИДЕНТИТЕТ, нема 30, туку 35 години

Фудбалерот на Црвена звезда, Гелор Канга е обвинет дека има лажен идентитет, доколку тоа е вистина неговата репрезентација ќе биде исфрлена од Купот на Африканските нации.

Конго обвини дека репрезентативецот на Габон, Гелор Канга не е тој кој се претставува.

Фудбалерот на Црвена звезда нема 30 години како што пишува во неговите документи, туку има 35 и се вика Киаку-Куаку Кианга и е роден во Киншаса, Конго.

Обинителите тврдат дека Канга во Габон се преселил во 2007 година и тогаш целосно го променил идентитетот со цел да не зазема простор за странски фудбалери во тимот на Мангаспорт за кој потпишал.

Тогаш му била сменета годината на раѓање и името и презимето, добил документи со кои наместо 22-годишен фудбалер, станал 17-годишен.

Доколку овие тврдења од Конго се покажат како точни, репрезентацијата на Габон ќе биде исфрлена од Африканскиот куп на нации, а на нивно место ќе биде токму Конго.

Извор: mkd.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!