Катастрофални вести за Македонија пред Европското првенство – Се огласи и Пандев

Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски ќе мора да оди на операција на коленото поради што ќе го пропушти историскиот настап на Европското првенство.

Несторовски денеска бил на преглед во Рим кај професорот Маријани, а дијагнозата е најлошата која можел да ја слушне.

Напаѓачот ќе мора да направи операција на вкрстените лигаменти на коленото за што рехабилитацијата е најмалку шест месеци. Тоа значи дека тој нема да биде дел од Европското првенство.

Несторовски се повреди пред три дена на тренинг на Уднезе. За него сезоната е завршена, а ќе пропушти и добар дел од следната.

Пандев му дава поддршка на Несторовски: Убеден сум дека ќе се вратиш посилен!

Капитенот не заборави да упати поддршка до својот соиграч од националниот фудбалски тим, за кого верува дека по рехабилитацијата ќе се врати уште посилен.

Тоа значи дека Несторовски нема да биде во можност да биде дел од нашата репрезентација за претсојниот историски настап на Европското првенство, а тој доби поддршка од Пандев.

„Напред брат мој, те познавам долги години и убеден сум дека ќе се вратиш посилен“ гласеше пораката на капитенот Пандев упатена кон Несторовски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!