Дознајте кој број ви носи љубов, среќа и пари!

Во Астрологијата бројките не се само нешто апстракно. Во нив е кодирана одредена енергија која влијае на одреден начин на различни луѓе. Оваа информација е во дирекна зависност од влијанието на планетите. Или со други зборови секој Хороскопски знак си има број, кој му носи среќа. А некои имаат и таков што доведува до проблеми и компликации.

Броевите се насекаде околу нас – адреси, броеви на автомобили, датуми на важни настани… Ако успееме максимално да ги контролираме, сето ова ќе проработи во наша корист!

Сонцето 1

Сонцето влијае на луѓето родени под знакот на Лав. Бројот еден е симбол на позитивниот почеток на активноста и успесите во бизнисот. За Лавовите бројот 1 е директно “магнет за успех”. А бројката од која треба да се пазат е 2. Таа секогаш ќе ги влече назад и ќе го попречува нивниот развој.

Месечината 2

Бројот два носи во себе енергија на сигурност и љубов, кои се толку нужни и никогаш не му стигнуваат на Ракот. Се што има двојки во себе, му носи среќа и мир – може да комбинира 2 со 7 што го потиснува влијанието на 1. 27, 272, 7272,

Марс 3

Тројката е среќен знак на Овенот и Шкорпијата. Тие треба да знаат дека во секоја свера каде што има конкуренција или база за развој, е добро да се опколени од тројки – во бројот на мобилниот телефон, адреса, да прават важни чекори на датумот 03. Во форма на талисман или скапоцен камен, тројката е кодирана во триаголникот.

Меркур 4

Тука веќе е енергија на знаење, длабоката мисла, науката, трговијата, размената на информации. 4 е среќен број на Девицата и Близнакот. А силата му е двојна, ако соодветниот човек работи како новинар, трговец, преведувач, писател, издавач и секаква новинарска активност. Овие знаци треба да користат секогаш квадрати како украс. Интересно е дека на нив среќа им носи и “фаталниот број 13”.

Јупитер 5

Како и кај бројот 1, тука имаме моќна позитивна енергија, само за Стрелецот. Особено ако неговата работа е поврзана со постојана комуникација со луѓето. Не еднаш сме виделе дека Стрелците се галеници на судбината и имаме доказ за тоа. Без разлика од другите броеви, ако во еден број има 5, тогаш ова е среќа за нив. Пример 12345. Идеален скапоцен камен за нив е ѕвезда со пет зрака.

Венера 6

6 има специјална хармонија, која се чувстува кај знаците Вага и Бик. Бројот им носи среќа и задоволство, доколку се занимаваат со нешто што го сакаат. Им помага многу и во љубовта. Пример идеален датум за свадба за нив е 06.06. имаат и “пријателски” броеви, кои можат да се комбинираат со 6 за уште подобро влијание. На пример за врската и бракот – комбинирајте со 4. За повеќе креативност и успеси во службата – комбинирајте со 9.

Сатурн 7

7 како целина е среќен број, но во секојдневниот аспект најмногу среќа му носи на Јарецот. Самиот Сатурн е планета на пречките и со помош на неделата, претставниците на зодијачкиот знак со голема леснотија ќе се справат со сите тешкотии. Има и нешто мистично – токму бројот 7 им помага да ги “слушаат” советите на своите ангели чувари.

Уран 8

8 е среќен број на Водолијата. Бројот 8 им помага да црпат енергија од неводливи за нас извори. 8 е бројот на различните, најспособните, оригиналните, на луѓето едно ниво над останатите, но за жал тие се и редовно неразбрани. 8 е симбол и на бесконечноста, која им помага на Водолиите да се секогаш енергични и креативни. Секаков спирален накит им носи среќа.

Нептун 9

9 е симбол на комплетноста, на затворањето на кругот. На зрелоста! Рибата треба да избегнува секакви остри предмети и во никој случај да не носи остар накит. Нејзиниот орнамент е кругот. 9 во комбинација со 1 и носи на Рибата пари. 9 во комбинација со 2 ја зајакнува интуицијата и им помага да донесат правилна одлука во тежок момент. 9 во комбинација со 6 им помага да ја привлечат љубовта кон себе.

Извор: kurir.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!