Ново истражување: Бремените жени и бебињата со Ковид-19 имаат поголема можност за компликации

Бремените жени заразени со ковид-19 и нивните новороденчиња имаат поголем ризик од развој на компликации отколку што било претходно познато, покажува студија на британски научници.

Студијата е спроведена на повеќе од 2.100 бремени жени во 18 земји, а секоја бремена жена со ковид-19 е споредувана со две бремени жени кои не биле заразени и се породиле во иста болница истовремено.

Инфекцијата со коронавирусот кај новороденчињата е поврзана со тројно поголем ризик од здравствени компликации, тврдат научниците од Оксфорд.

„Бремените жени заразени со ковид-19 имаа 50 проценти поголема веројатност од другите бремени жени да развијат компликации, вклучувајќи предвремено породување, висок крвен притисок со откажување на органите, потреба од интензивна нега или смрт“, рече професорот по фетална медицина ,Арис Папагеоргиу.

Сепак, се чини дека доењето не претставува ризик дека бебињата ќе бидат заразени од мајки кои имаат ковид-19, велат научниците, објави Ројтерс.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!