понеделник, 18 октомври, 2021

Истражување: Уште КОЛКУ ЌЕ ТРАЕ ПАНДЕМИЈАТА на Ковид-19?

На прашањето „кога би можело да се прогласи крајот на пандемијата“ стручната јавност и натаму нема конечен одговор, а голема улога во тоа игра и човечкиот фактор.

Порталот „axios.com“ вели дека е голема веројатноста дека пандемијата ќе трае подолго отколку било кој од нас се надева.

Без оглед на тоа што ќе се вакцинираме, новите соеви прават големи проблеми – сведоци сме дека последните соеви на коронавирусот тешко ги погодуваат дури и децата кои што во првиот бран на коронавирусот не патеа од сериозни компликации.

Овој портал исто така наведува дека секое одложување на вакцинацијата води во продолжување на агонијата со вирусот.

Новите соеви на коронавирусот носат и нови проблеми, предупредува и епидемиолог од Универзитетот во Минесота, Мајкл Остерхолм.

Исто така, новите истражувања ги потврдија стравовите на многу од епидемиолозите – вакцината против одредени соеви не е толку ефикасна, особени кај јужноафриканскиот сој.

Масовната вакцинација и натаму е единствениот излез – колку повеќе вирусот се шири толку има поголема шанса да мутира. Поради тоа токму масовната имунизација би можела да спречи да настанат бројни нови соеви од коронавирусот.

Доколку вирусот не се стави под контрола, пандемијата би можела да се развлече уште неколку години, со постојана појава на нови соеви. Некои од нив би можеле да бидат и посмртоносни и поопасни за припадниците на поедина популација. Тоа и натаму го зголемува ризикот, особено за луѓето кои што не ја примиле вакцината против коронавирусот.

Тоа што е заклучок на научниците кои што учествувале во овој разговор е дека ова црно сценарио може да се спречи само со масовна вакцинација.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!