недела, 25 септември, 2022

Шестиот сет економски мерки ќе вреди 17,8 милиони евра: Помош за угостителите и туристичките оператори

Дванаесет економски дејности ќе добијат помош во висина од 17,8 милиони евра е одлуката на владата за шестиот пакет мерки која го усвои денеска. Таргетиран на угостителската и туристичката дејност овој пакет ќе им помога на кафеаните, рестораните за свадба, кафетериите, игротеките, но и музичарите, туристичките водичи и туристичките агенции.

Предвидено е со него да бидат опфатени 10.000 компании и 60.000 вработени. Угостителските објекти пак кои не работат изминативе две недели поради воведените рестриктивни мерки, помош ќе добијат за деновите колку што биле затворени.

„На угостителските објекти ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој се пресметува како просек од просечниот месечен приход за претходните години. Но дополнително сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка за секое едно вработено лице. На скоро ист принцип, со 2.5 милиони евра ќе се поддржат категоризираните ресторани за свадби, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центрите, фотограф, фотографски студија“, информираше Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Туристичките агенции ќе добијат помош пак зависно лиценцата која ја имаат, па така тие со „А“ лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а оние со „Б“ до 2.000 евра. И оваа година ќе има ваучери за туризам, но не по автоматизам, туку сите оние чии семејни приходи не надминуваат 30.000 денари ќе може да аплицираат за ваучер за да одат на одмор. На туризмот ќе му с епомага и така што ќе бидат набавени и околу 50.000 ПЦР тестови за туристите од странство.

„Ние не бараме ПЦР тестови при доаѓање во нашата земја, но скоро сите земји бараат ПЦР тестови за нивните граѓани кога се враќаат од земји, како што е нашата држава. И затоа за да не биде дополнителен товар за потенцијалните туристи ние соодветно ќе надокнадиме, ПЦР тестовитѕе да бидат направени од наша страна“, вели Битиќи.

Со шестиот пакет мерки музичарите, членовите на здруженија на музичари и лиценцираните туристички водичи ќе добијат по 30.750 денари помош доколку во 2020 имале просечен месечен приход под 15.000 денари.

Освен ваквите директна финансиска помош владата донесе одлука преку Развојната банка да овоможи аплицирање за бескаматни кредити за радијата и телевизиите, како и субивенционирање на трошок за камата на компании кои ја реинвестирале остварената добивка.

Презентирајќи го таргетираниот шести пакет мерки кога би можело да се очекува седми пакет мерки од владата не даваат прецизен тајмниг велејќи дека на дневна основа се следи состојбата во стопанството и економскиот тим на владата поради тоа заседава 24 часа на ден и ќе одговори соодветно.

Извор: Телма

Коментари

коментари

error: Content is protected !!