Ова момче е ХИТ НА ИНТЕРНЕТ, а сите се шокираат кога дознаваат за неговата ВОЗРАСТ: Страда од ретко нарушување

Ова момче боледува од тешко нарушување, изгледа како дете и многу е поразличен од своите врсници.

Гласот, висината, лицето и детската насмевка не ни навестуваат дека во него се крие возрасен човек.

Се работи за момче кое годинава наполни 18 години и стана полнолетен, но сепак изгледа како дете.

Осумнаесетгодишен блогер од Махачкала, со лице на петгодишно дете, Хасбула Магомедов, се прослави откако објави смешно видео на социјалната мрежа ТикТок.

Магомедов неодамна започна да снима видеа на ТикТок, а едно од нив стана толку познато, по што блогерот се здоби со светска популарност.

Според Магомедов, неговото видео започнало да се споделува на мрежите, вклучително и во локалните групи на социјалните мрежи, а наскоро и луѓето на улица почнале да му приоѓаат, а тој понекогаш не ја сакал популарноста.

„Непријатно ми е кога луѓето ќе дојдат кон мене и ќе ме гледаат од горе“, објасни блогерот.

Магомедов рече дека лекарите не можат да му дијагностицираат точната болест, но има забавување во растот и останал со лик висина и глас на 5 годишно дете.

Блогерот тврди дека иако е популарен, неговите снимки на ТикТок не се неговата цел во животот. Тој има намера да ги заврши своите студии, да го научи Куранот и да стане теолог во иднина.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!