Февруарска плата сѐ уште не добиле 9.947 работници, а мартовска – 54.662

За февруари сѐ уште плата немаат исплатено 3.784 фирми за 9.947 работници, а до законскиот рок-15 април, мартовска плата немаат исплатено 14.998 фирми за 54.662 работници, рече директорката на УЈП Сања Лукаревка.

-Поради тоа што мерката за помош на плата сѐ уште не е реализирана, УЈП нема присилни наплати за февруари, а за март не се пратени опомени, рече Лукаревска.

Во однос на компаниите што направиле злоупотреба на државната помош за декември во тек се конторли, а потоа списокот јавно ќе се објави.

-Постојано сме во конатакт со Трудовиот инспекторат и секој посаталува во рамките на својата надлежност, а во контакти сме и со јавното обвинителство, рече Лукаревска.

Таа објасни дека по сите преземени мерки , намален е бројот на фирми што земале, а неисплатиле плата, но сепак вкупниот број на фирми кои за некој месец не исплатиле плата, покрај земената помош е 124 фирми кои не дале плати на своите 371 работник.

Извор: slobodenpecat.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!