Бекам: „Играта која ја сакаме е во опасност“

Еден по еден сите кои вредат во светот на фудбалот застанаа на страната на УЕФА и ФИФА против најавената лига на богатите. Дејвид Бекам, човекот кој остави неизбришлива трага во историјата на оваа игра е најновиот на листата на оние кои се против ова натпреварување во кое се влегува со пари, а не со резултати.

„Јас сум од оние кои го сакаат фудбалот. Тој е дел од мојот живот откако знам за себе. Го засакав уште кога бев дете, како навивач, и сѐ уште сум навивач. Како играч и сега како сопственик знам дека нашата игра е ништо без навивачите“, пишува Бекам на Instagram.

Бекам во својата долга кариера настапуваше за Манчестер Јунајтед, Престон Норт Енд, Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и ПСЖ, а сега е сопственик на новиот МЛС клуб Интер Мајами.

„Потребно ни е фудбалот да биде за сите. Потребен ни е фер фудбал и потребни ни се натпреварувања врз база на заслуга. Доколку не ги заштитиме овие вредности играта кога ја сакаме ќе биде во опасност…“, заврши тој.

УЕФА веќе најави санкции за сите учесници во Супер лигата. Германските великани Баерн и Борусија категорично одбија да учествуваат во такво натпреварување, ПСЖ се нема изјаснето, а одби и најтрофејниот португалски клуб, Порто.

Извор: kajgana.com

Коментари

коментари

error: Content is protected !!