Жива музика и гости во угостителски објект за време на епидемија – КРИВИЧНА ПРИЈАВА за гостиварец

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 47-годишниот Р. Б. од селото Добридол поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здраствените прописи.

Како што информираат од МВР, на 5 април била извршена контрола во неговиот угостителски објект и било констатирано дека во објектот има жива музика и биле затекнати гости, со што сопственикот постапил спротивно на одлуките на Владата за отворање и работа на угостителските објекти.
Извор:press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!