(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Најмалку 97 лица се повредени во голема железничка несреќа во Египет

Најмалку 97 лица се повредени денеска во железничка несреќа во египетската провинција Калиобија, северно од Каиро, соопшти Министерството за здравство.

Дел од локални медиуми објавија дека во несреќата има и загинати, пренесуваат западни медиуми.

Повеќе од 50 амбуланти се испратени на местото на настанот, кои ги пренеле повредените во три болници во покраината.

Несреќата се случила кога неколку вагони излизгале од шините.

Железничките несреќи во Египет се чести, а во последната, на 20 март, кога се судрија два воза во близина на градот Тахт, загинаа 20 лица, а околу 200 беа повредени.

Видеото погледнете го овде.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!