Се побунил па добил ОТКАЗ – Мурињо го напушта „Тотенхем“

Информациите од англиските медиуми велат дека Жозе Мурињо се спротивставил на идејата за формирање на Суперлигата, а тоа ја прелило чашата кај Даниел Леви кој веднаш му дал отказ. 

Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо повеќе нема да биде тренер на Тотенхем објавија „Телеграф“ и уште неколку други британски медиуми.

Според нив, управата на лондонскиот клуб одлучила да го отпушти 58-годишниот Мурињо.

„Специјалниот“ ја презеде тренерската функција на Спарс во ноември 2019 година. Неговиот договор беше важечки до летото 2023 година.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!